Младата Стефанија Кировска, тениски талент во подем - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Младата Стефанија Кировска, тениски талент во подем

Младата Стефанија Кировска, тениски талент во подем

Младата тенисерка Стефанија Кировска го привлече вниманието кон себе во оваа 2015 година, освојувајќи на јуниорско ниво четири последователни Отворени првенства на Македонија до 12 години. Таа од својата седма година тренира во ТК Југ, а од 2014 година работи со нејзиниот тренер Томе Караџоски, кој го препозна нејзиниот талент и веќе втора година бележи значителен прогрес.

Под негова палка, Стефанија Кировска има одиграно дузина финалиња и пет освоени турнири во нејзината возрасна категорија, од кои четири во низа во тековната 2015 година. Таа беше првопласирана на Отвореното првенство на Македонија – Јуниорки до 12 години одржано од 28.03 до 30.03 во Тенис Парк Скопје, го освои Отвореното првенство на Македонија – Јуниорки до 12 години одржано од 18.04 до 20.04 во ТК ЈУГ Скопје,  како и Отворените првенства на Македонија одржани во ТК МТК Скопје и во ТК Битола.

Стефанија Кировска во 2015 година почна да забележува и резултати надвор од Македонија. Освои две трети места на турнири во Ниш, Србија, додека на Меѓународниот тениски Турнир (Tennis Europe) кој се одржа во Улциљ, Црна Гора, беше една од најмладите учеснички и играше во утешното финале. Од неа во иднина се очекува да го преточи својот талент во уште поголем квалитет и да биде една од нашите најуспешни тенисерки.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.