Мите Цикарски повикан во репрезентацијата, ослободени Ристовски и Хасани - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Мите Цикарски повикан во репрезентацијата, ослободени Ристовски и Хасани

Мите Цикарски повикан во репрезентацијата, ослободени Ристовски и Хасани

Левиот бек на Работнички, Мите Цикарски, е најновото име во фудбалската репрезентација, кој доби повик денеска по синоќешниот квалификациски пораз од Белорусија (1-2) на арената „Филип Втори„ во Скопје. Од друга страна, селекторот Бошко Ѓуровски ги ослободи Стефан Ристовски и Ферхан Хасани, по барање на нивните клубови, со оглед дека следниот натпревар со Австралија в понеделник (21 часот) е од пријателски карактер.

Италијанскиот клуб Латина побарал Стефан Ристовски да се врати во клубот бидејќи утре има првенствен натпревар од Серија Б против Фросиноне, а тимот се бори за обезбедување на опстанок во второлигашката конкуренција.

Ферхан Хасани, исто така на барање на Брондби, е ослободен од обврските затоа што се уште е кревок по повредата поради која паузираше подолг период. Тој синоќа одигра цел натпревар и беше еден од најдобрите во нашиот национален тим, но премногу големо оптоварување за него би било да игра два тешки натпревари за три дена.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.