Миркуловски со Вецлар поразен од Фленсбург - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Миркуловски со Вецлар поразен од Фленсбург

Миркуловски со Вецлар поразен од Фленсбург

Филип Миркуловски со тимот на Вецлар беше поразен од Фленсбург со 19-24, во натпреварот од 17.коло во Бундес-лигата.

Во неефикасната игра на двете страни, Вецлар беше за нијанса поуспешен во првото полувреме и на одмор замина со два гола предност (11-9). Но, гостите во продолжението ја потврдија фаворитската улога, го презедоа водството и на крај запишаа победа.

Миркуловски постигна два гола од три обиди за Вецлар во чиј состав најефикасен беше Максимилијан Холст со шест погодоци.

До крајот на декември и почетокот на зимската пауза, на Вецлар му преостануваат уште два натпревари во Бундес-лигата. На 21 декември на домашен терен против Гумерсбах и на 26 декември во гости против Минден. По завршувањето на клупските обврски во Германија, Миркуловски ќе и се приклучи на македонската репрезентација во подготовките пред настапот на ЕП во Хрватска во јануари.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.