
- Кире Лазаров: Имаме поголеми шанси со Германија отколку со Словенија Објавено пред 3 години
- „Вардарци“ стартуваа со подготовките: Разликата со Шкендија не е недостижна! Објавено пред 3 години
- „Ел команданте“ и македонската чета (ФОТОГАЛЕРИЈА) Објавено пред 3 години
- Вардар ги претстави тројцата „пелистерци“: Тошевски, Попзлатанов и Цветаноски се нови вардарци Објавено пред 3 години
- Несторовски оди во Торино, но дури во јули Објавено пред 3 години
- СЕДМЕРЕЦ: Не е притисок, гордост е Објавено пред 3 години
- ЕХФ: Лука Циндриќ, најдобар ракометар во Европа за 2017 година Објавено пред 3 години
- Три адути за ЕП: Свежиот Кире, „ел команданте“ и децата што станаа мажи Објавено пред 3 години
- ТРИ СЕКУНДИ: Српска „струја“ не „дрма“ во МЗТ Скопје Објавено пред 3 години
- Македонија не се шегува – средена и Србија, дајте ја Словенија Објавено пред 3 години
Милутиновиќ од Оукленд го засилува Торус
- '
- Објавено: август 23, 2011 22:00
Србинот со македонско потекло Илија Милутиновиќ е најновото засилување на центарската позиција во редовите на КК Торус за престојната натпреварувачка сезона.
23-годишниот Милутиновиќ, кој со своите 213 сантиметри треба да претставува огромно засилување за „градежниците“ под кошевите, доаѓа од Универзитетот Оукленд каде изминатава година настапуваше во НЦАА лигата на САД. Претходно во својата кариера има настапи и за српскиот Хемофарм од Вршац, а бил член и на јуниорската селекција на Србија и Црна Гора со која на СП 2006 година во Манхајм ја освои бронзата.
Од раководството на Торус нагласуваат дека со тоа го затвораат списокот на имиња за центарската позиција притоа најавувајќи можност за ангажман на уште еден странец. Наредниот период ќе се активира постапка за добивање македонско државјанство за Илија Милутиновиќ чија мајка е Македонка, со што ќе се отвори простор за уште еден кошаркар од странство.