Милојевиќ: Со Карпош ќе треба добро да се намачиме ако сакаме победа - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Милојевиќ: Со Карпош ќе треба добро да се намачиме ако сакаме победа

Милојевиќ: Со Карпош ќе треба добро да се намачиме ако сакаме победа

Екипата на Карпош Соколи утре од 19 часот во 13. коло од АБА лигата го пречекува тимот на Мега Лекс. Тренерот на Мега Лекс, Дејан Милојевиќ со бројни пофални зборови за „соколите“ пред меѓусебната пресметка наведува дека неговиот тим ќе треба да одигра многу поквалитетно од претходните два меча доколку сака со победа да замине од Скопје.

„Тренерот Драган Николовиќ прави одлична работа со Карпош. Победите против Будуќност и Цедевита доволно зборуваат за тоа. Ние имаме проблеми со повредите, па сега ќе треба во Скопје да одиграме многу поквалитетно од досега ако сакаме да дојдеме до победа“ – вели Милојевиќ.

Карпош и Мега Лекс досега не се сретнати во рамките на јадранската лига. По 12 кола, Мега е на делба на 9. место со скор од 4-8, а Карпош е на последното место со две победи.

„Карпош игра одлично на домашен терен. За нас ова е важен меч на кој ќе треба да дадеме максимум. Се надевам дека ќе стигнеме до триумфот“ – вели кошаркарот на Мега, Марко Тејиќ.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.