Милион евра од УЕФА ако Работнички го елиминира Лацио - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Милион евра од УЕФА ако Работнички го елиминира Лацио

Милион евра од УЕФА ако Работнички го елиминира Лацио

Нема поголем мотив за фудбалерите на Работнички од самата
помисла да се елиминира гигант како Лацио, но УЕФА ќе ги награди
„романтичарите“ со 1.000.000 евра ако успеат да се пласираат во групната фаза од
Лигата на Европа. Тоа треба да биде и дополнителен стимул за избраниците на
тренерот Горан Петрески да „изгинат“ на теренот на двата претстојни меча со
Лацио, во Рим, а потоа и во Скопје.

Лацио е огромен фаворит, но Работнички веќе докажа дека
секогаш не победуваат подобрите екипи на дуелите на европската сцена. Јуначкото
срце на „романтичарите“ и огромната жалба да се направи нов историски успех
можеби ќе биде доволна за нова голема сензација. Таа од финансиски аспект ќе
вреди еден милион евра. Секако, дополнителни приходи Работнички ќе оствари и од
продажбата на ТВ правата од реванш натпреварот со Лацио во Скопје. Се проценува
дека од ТВ правата би можеле да се инкасираат околу 400.000 евра.            

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.