Милинковиќ ќе седне на клупата на Партизан - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Милинковиќ ќе седне на клупата на Партизан

Поранешниот тренер на Војводина, Зоран Милинковиќ треба да биде именуван за нов шеф на стручниот штаб на белградски Партизан во петок наутро, откако ќе заседава УО на клубот. Досегашниот стратег Александар Станојевиќ е сменет по критиките што ги упати кон претседателот Ѓуриќ, а оставка си поднесе и спортскиот директор Младен Крстајиќ.
 
Многу промени се случија во редовите на „црно-белите“ по слабиот старт на сезоната, откако Партизан најпрво беше елиминиран од Генк во квалификациите од Лигата на шампионите, а потоа доживеа срамен пораз и од ирскиот Шамрок и не успеа да влезе ниту во групната фаза од Лигата на Европа. Згора на се, „црно-белите“ доживеаја и еден пораз во домашниот шампионат, на гостувањето против Слобода Севојно (2-1). 
 
Еден од кандидатите за нов тренер на Партизан беше и македонскиот стратег Вујадин Станојковиќ. Сепак, на крајот најверојатно во трката за клупата на актуелниот српски првак ќе победи Зоран Милинковиќ.   

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.