Михајлов: Дали Тетекс му смета на некого...!? - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Михајлов: Дали Тетекс му смета на некого…!?

Михајлов: Дали Тетекс му смета на некого…!?

Дербито меѓу Тетекс и Пелистер, беше во полза на тимот од Битола, кој успеа да триуфмира (2-3) со погодок постигнат во последните секунди од средбата. Шефот на стручниот штаб на Тетекс, Горазд Михајлов, беше видно разочаран од поразот на неговиот тим, додавајќи дека на некого му смета Тетекс со добрите игри сезонава.

„Имавме двапати водство, и на крајот примивме гол во последните секунди. Штета. Честитки за моите фудбалери за прикажаното, и нема да го коментирам судењето, затоа што има лица одредени за такво нешто. Сметам дека Тетекс е „трн“ во око на некого, и овој клуб му смета на некои лица“ – истакна по натпреварот Горазд Михајлов.

Тренерот на „пелистерци“, Наумче Љамчевски беше задоволен од победата на неговиот клуб, потенцирајќи дека целта на Пелистер во оваа сезона е опстанок во Втората лига.

„Бевме сведоци на еден убав, и интересен натпревар. Фудбалерите на двата тима одиграа фантастично, и со мала доза на среќа ние се радувавме на крајот. Целта не Пелистер во оваа сезона е опстанок, но, доколку ни се овозможни шанса за Прва лига, нема да ја испуштиме“ – изјави Наумче Љамчевски.

После овој натпревар, Тетекс падна на петтто место, додека пак Пелистер е шести со 29 бодови. Веќе во наредното коло, Пелистер ја пречекува Победа, а Тетекс гостува кај незгодниот Гостивар.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.