Михајлов: Има голем простор за напредок кај девојките - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Михајлов: Има голем простор за напредок кај девојките

Македонската женска фудбалска репрезентација утре во Поградец, ќе ги одмери силите со соодветната селекција на Албанија. Официјално деби на “црвено жолтата“ клупа ќе има поранешниот тренер на охриѓани, Горазд Михајлов.
 
 
„За мене ова ќе биде деби натпревар како селектор на женската репрезентација на Македонија. На тестот со Албанија нема да бидеме комплетни бидејќи располагам само со фудбалерките од домашното првенство. Кога дојдов на функцијата напоменав дека сите ќе добијат шанса да настапат во националниот дрес. Од овој момент јас и мојот стручен штаб почнуваме со изградба на нова селекција за наредниот циклус, бидејќи тековниот е загубен. Задоволен сум од текот на подготовките, а кај девојките гледам можност за голем напредок“, истакна Михајлов.
Одлична атмосфера владее и меѓу самите фудбалерки во пресрет на утрешниот меч со Албанија во Поградец.
 
 
„Во Охрид се подготвуваме за пријателскиот натпревар со Албанија. Не го познаваме квалитетот на противничките, но без оглед на се, ние ќе одиме на победа. Дуелот со Албанија е еден вид генералка за квалификацискиот мечот кој не очекува со Италија“,  потенцираше стрелецот на двата гола против Грција, Гентјана Рочи.
 
Михаил Постоловски 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.