„Металурзите“ подготвени за Израел - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

„Металурзите“ подготвени за Израел

Ракометарите на Металург, македонскиот првак, се подготвени за искушенија на квалификацискиот турнир за пласман во Лигата на шампионите, што ќе се одржи претстојниов викенд во Израел. „Металурзите“ го засилија својот состав во летната пауза, тренерот Лино Червар доби неколку проверени имиња во својот ростер, како Миладин Козлина, Жарко Марковиќ и Дарко Станиќ, па сега треба да се јуриша на првото место на овој квалификациски турнир кој ја отвора вратата од Лигата на шампионите. Таму веќе чекаат екипите на Хамбург, Санкт Петербург, Копер, Констанца и Висла Плок.

 

Минатата година Металург не успеа да се пласира во ЛШ и тоа се сметаше за пропадната европска сезона, но оваа со новите засилувања аспирациите секако се поголеми. Во тимот останаа и сите значајни ракометари кои ја освоија шампионската титула.

 

„Одиме во Израел со една и единствена цел, да се пласираме во Лигата на шампионите. За тоа ќе ѕреба да бидема најдобри на турнирот и затоа не се оптоваруваме со противниците. Треба да мислиме на нашата игра и сите ракометари да го дадат својот максимум“ – вели тренерот Лино Червар.    

 

Во саботниот полуфинален натпревар Металург ќе ги одмери силите со домашниот Хапоел Ришон, а в недела, доколку победи, ќе игра со победникот од дуелот меѓу норвешки Хаслум и Хафнарфјордур од Исланд.   

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.