Металурзите го збришаа Макаби - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Металурзите го збришаа Макаби

Ракометарите на Металург ја покажаа својата надмоќ во дуелот со израелскиот Макаби Ришон, победија со уверливи 27-19  и утре ќе играат финале со норвешки Хаслум за пласман во групната фаза од ЛШ. Во вториот полуфинаен меч, Хаслум беше подобар од Хафнарфјордур од Исланд со 36-29.
 
Македонскиот првак уште од стартот на натпреварот со Макаби Ришон наметна своја игра, до полувремето обезбеди предност од шест гола, а на крајот славеше со цели десет гола разлика. Се покажа дека тимот на Лино Червар е доминантен во сите сегменти на ракометната игра, но нема многу време за славење затоа што веќе утре треба да се одигра решавачкиот меч со Хаслум. Само победникот на овој квалификациски турнир во Израел ќе успее да се пласира во групната фаза од Лигата на шампионите, каде чекаат Хамбург, Копер, Констанца, Санкт Петербург и Висла Плок.     

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.