Металург тргна во освојување на Израел - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Металург тргна во освојување на Израел

Македонскиот ракометен првак Металург отпатува за Израел каде претстојниов викенд ќе учествува на квалификацискиот турнир за пласман во Лигата на шампионите. Само првото место носи пласман во ракометниот рај, а „металурзите“ ќе мора да го прескокнат домашниот Макаби и потоа во финалето да го совладаат подобриот од дуелот меѓу норвешки Хаслум и исландски Хафнарфјордур за да ја исполнат целта.

 

Металург важи како најголем фаворит за освојување на првото место, но во еден ваков систем на натпревари каде еден пораз значи и елиминација, избраниците на тренерот Лино Червар треба да бидат максимално концентрирани, да го прикажат најдоброто од себе, за да успеат.

 

„Секогаш е тешко на ваквите мечеви. Важиме за фаворити, но само на теренот се одлучува кој ќе обезбеди пласман во Лигата на шампионите. Веруваме дека сме подготвени, се надеваме дека прво во дуелот со Макаби, а потоа и во финалето, ќе го покажеме целиот наш потенцијал и дека повторно ќе бидеме дел од најквалитетното европско ракометно клупско друштво“ – изјави Наумче Мојсоски.

 

Металург сезонава се засили со неколку квалитетни ракометари, кои на инсистирање на тренерот Лино Червар дојдоа во „Автокоманда“. Се работи за искусни и мошне квалитетни играчи, Козмина, Марковиќ и Станиќ. Тие треба да донесат уште поголема тежина во ростерот на „металурзите“ и во нападот и во одбраната.

 

„Марковиќ може да распали од далечина, Станиќ ќе ја зацврсне нашата одбрана,а Козлина е олраунд играч кој би го посакала секоја екипа. Се надевам дека ќе бидат големи засилувања за нас и дека ќе успееме сите заедно во нашата цел“ – дополни Мојсоски.

 

Доколку Металург успее да го освои првото место на овој квалификациски турнир во Израел, ќе се пласира во групната фаза од Лш каде што веќе го очекуваат Хамбург, Копер, Констанца, Висла Плок и Санкт Петербург.

 

Металурзите во саботното полуфинале ќе ги одмери силите со домашниот Макаби, а в недела на програмата е финалниот дуел. Во другото полуфинале се среќаваат Хаслум (Норвешка) и Хафнарфјордур (Исланд).                     

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.