Металург со новогодишен турнир за најмладите ракометари - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Металург со новогодишен турнир за најмладите ракометари

Ракометната академија на Металург овој викенд организира Новогодишен турнир во мини ракомет за своите школи на територијата на град Скопје. Екипите ќе бидат поделени во четири групи и тоа:

                  -момчиња родени 2002/2003 година, вкупно 11 екипи,
                  -девојчиња родени 2002/2003 година, вкупно 8 екипи,
                  -момчиња родени 2004 и помлади, вкупно 5 екипи и
                  -девојчиња родени 2004 и помлади, вкупно 4 екипи.

Турнирот во мини ракомет ќе се игра на два специјално исцртани терени на мини голови во салата „Автокоманда“ во Скопје со следните термини:

     – На ден 22.12.2012 година (сабота) се играат натпреварите по групи со почеток
од 9.00 часот, па се до 16.00 часот,
     – На ден 23.12.2012 година (недела) се играат полуфиналните и финалните
натпревари со почеток во 12.30 часот.

За најдобрите екипи ќе следуваат награди како од Металург, така и од нашиот овогодишен партнер на ракометните школи хрватската компанија за производство на флипсови KANAAN. Програмата ќе биде збогатена со настапи на девојчињата од AQUA DANCE CLUB.  

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.