Металург со 100% ефект во Хрватска - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Металург со 100% ефект во Хрватска

Женскиот состав на Металург продолжува со одличните настапи на подготвителните натпревари во Хрватска реализирајќи ја денеска и осмата победа од исто толку досега одиграни натпревари.

По триумфот на турнирот во Самобор, на последните две контроли ракометарките на Металург славеа и против хрватските Трешњевка и Локомотива Загреб. Екипата на Трешњевка беше совладана со убедливи 34-23, додека составот на Локомотива Загреб со 24-23. Најуспешни стрелци во редовите на македонската екипа на првиот дуел беа Лишчевиќ со шест и Митрова и Младеновска со по пет постигнати погодоци, додека на вториот натпревар Мирјета Бајрамовска со десет гола беше убедливо најзаслужна за триумфот над Локомотива.

 

Од утре Металург треба да учествува на силниот турнир во Метковиќ каде ги очекуваат екипите на Подравка, Крим Меркатор, Корвекс и Заечар. 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.