Металург, сепак, оди во Охрид? - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Металург, сепак, оди во Охрид?

И покрај одредени размислувања за напуштање на земјава во желбата за
пронаоѓање поадекватни услови за подготовки, есенскиот вицешампион е
кипата на Металург остана цврсто на ставот тренинг активностите пред продолжението на
шампонатот до крај да бидат одработени во Македонија.

 

„Металурзите“, во зависност од временските услови, наспроти првите најави
дека ќе се тренира во Скопје сепак најверојатно онака како што планираа дел од
подготвителната фаза ќе одработат во Охрид каде е планирано одигрување на
неколку пријателски натпревари.

 

„Варијантата со Охрид повторно е веројатна. Ако се создадат услови за заминување во
Охрид и
одигрување тест средби, ние веднаш би
заминале. Најважна ни е состојбата на терените во Охрид,
доколку биде се во ред би заминале во нашиот најголем туристички центар. Во спротивно,
остануваме во Скопје во хотелот ’Белви’ и на наш терен ќе одиграме контролни
натпревари со екипи кои ќе ни бидат на располагање“
– истакнува спортскиот
директор на Металург, Никола Ѓошевски.

 

Првата фаза од подготовките Металург ја одработи во
Негорски Бањи, каде
беа одиграни две контролни
средби со Кожуф и Миравци
.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.