Металург се засили со тројца нови ракометари - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Металург се засили со тројца нови ракометари

Металург се засили со тројца нови ракометари

Македонскиот ракометен прволигаш Металург се засили со тројца нови ракометари, пред стартот на пролетнот дел на сезоната. Се работи за Марко Шаин, кој е катарски репрезентативец, како и младите ракометари од Вардар 2, Томислав Јагуриновски и Филип Арсеновски.

Марко Шаин во Металург доаѓа како позајмен играч на Ел Џаиш. Позајмицата важи до крајот на сезоната, со можност соработката да продолжи и во иднина. Игра на позиција лев и среден бек.

“Доаѓањето во Металург го сметам за добар чекор во развојот на мојата кариера и тоа е во складот со моите интереси. Особено е големо задоволство да бидеш трениран од врвен светски специјалист, каков што е Лино Червар. Моите амбиции се поклопија со тие на клубот и ќе се обидеме да го вратиме Металург на местото каде што тој припаѓа“, изјави Шаин за официјалниот сајт на РК Металург.

Младиот Томислав Јагуриновски (1998, 187) доаѓа од екипата на Вардар и игра на позиција десно крило. Јагуриновски е кадетски репрезентативец на Македонија и со Металург потпиша четиригодишен договор.

“Пресреќен сум од доаѓањето во Металург, голем клуб со славна традиција. Посебно е големо задоволство што на овие мои години ќе имам можност да бидам трениран од тренер каков што е Лино Червар, и јас се надевам дека ќе можам да вратам за довербата што ми е дадена“, вели за нашиот сајт Јагуриновски.

Филип Арсеновски (1998, 196) е уште еден кадетски репрезентативец на Македонија. Тој дојде од екипата на Вардар, а игра на пикерската позиција. Со Металург потпиша четиригодишен договор.

“На свои 17 години ми се исполни сонот и станав ракометар на Металург, клуб кој што многу значи во Македонија, но и во Европа. Среќен сум што во иднина за мојот ракометен развој ќе се грижи тренер од калиброт на Лино Червар, а јас ќе направам сѐ што е во моите сили да ја оправдам дадената шанса“, вели Арсеновски.

Левче Китевски истакнува дека Металург е задоволен од ангажманот на новите ракометари.

“Секогаш сум задоволен кога потпишувам договори со талентирани млади ракометари, кои се вистинската перспектива на македонскиот ракомет. Нивното ангажирање ја потврдува линијата и политиката до која се држиме во клубот, а таа е да собереме јадро од најталентирани млади ракометари во нашиот клуб и да развиваме генерација, која ќе ја продолжи приказната на Металург. Задоволен сум и од доаѓањето на Марко Шаин во нашиот клуб, бидејќи се работи за квалитетен ракометар. Ќе ја искористам можноста и ќе им се заблагодарам на претседателот на Ел Џаиш, г. Халид Ал-Кувари и на директорот на клубот, г. Мурад Солтани, кои ни излегоа во пресрет и го овозможија овој трансфер, во чие комплетирање помогна и спортскиот менаџер Андреј Бјелиш“, рече Левче Китевски, претседателот на Металург.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.