Металург се раздели од Дарко Станиќ! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Металург се раздели од Дарко Станиќ!

Дарко Станиќ веќе не е дел од РК Металург откако македонскиот ракометен првак реши да ја прекине соработката со српскиот чувар на мрежата. Српскиот голман уште од минатата сезона беше поврзуван со заминување од „Автокоманда“, информации што се интензивираа и во текот на летото. Тој одигра само еден единствен меч од стартот на оваа сезона, беше очигледно дека не е дел од плановите на Лино Червар, па денешниот развој на настаните е само нормален след на околностите.

Македонскиот ракометен шампион Металург и голманот Дарко Станиќ спогодбено се договорија да ја завршат тригодишната соработка. Двете страни во конструктивна атмосвера се договорија за сите детали што се содржани во спогодбениот раскин на договорот. РК Металург му изразува голема благодарност на Дарко Станиќ за се што во изминатите три години даде за тимот и што беше учесник во многу убави и историски моменти за клубот“ – се вели во соопштението на РК Металург.

Самиот Станиќ изрази жалење поради ваквиот развој на настаните, но сепак смета дека ваквата солуција е најдобра за двете страни.

,,Поминав три прекрасни и незаборавни години во дресот на Металург. Седнавме на маса и во конструктивен дијалог со управата на клубот спогодбено го раскинавме договорот. Најискрено жалам што и јас и клубот се најдовме во оваа ситуација, но на крајот сите заедно собравме сили и го изнајдовме најдоброто решение за двете страни. На мојот досегашен клуб му посакувам многу среќа во иднина и повторување на истите резултати и успеси од трите сезони во кои и јас бев дел од овој успешен проект“ – истакна Станиќ за официјалната веб-страница на Металург.

Останува да се види каде Станиќ ќе ја продолжи својата кариера, но и дали Лино Червар ќе ангажира нов чувар на мрежата во ситуација кога сега на располагање има двајца голмани, Србинот Коциќ и нашиот репрезентативец Никола Митревски.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.