Металург откри кој ќе патува за Шпанија, на мечот со Ла Риоха - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Металург откри кој ќе патува за Шпанија, на мечот со Ла Риоха

По неколку навистина бурни денови, штрајк на ракометарите и криза која се закануваше дури и да стави клуч на целиот клуб, Металург успеа да се издигне над проблемите и тимот утре треба да отпатува за Шпанија, на мечот против Натурхаус Ла Риоха во Лигата на шампионите.

Металург на својот официјален сајт ги откри картите, со кои ракометари ќе патува на ова гостување. Тоа се македонските репрезентативци, надополнети со Ѓукиќ. Останатите странски ракометари го напуштија или треба да го напуштат клубот.

Еве го и комплетниот список на ракометари на кои ќе смета тренерот Лино Червар: Митревски, Мисовски, Димовски, Н.Маркоски, Пешевски, Манасков, Ојлески, Георгиевски, Ѓукиќ, Вугринец, Миркуловски, Мојсовски, Кукоски, Јоноски, В.Маркоски, Талески и Нелоски.

Во Логроњо, тимот ќе биде сместен во хотелот „Зенит“, а натпреварот се игра в недела, со почеток во 17 часот.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.