Металург: Одбраната да го стопи Макаби - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Металург: Одбраната да го стопи Макаби

Македонскиот ракометен првак Металург вечерва (19.30 часот) во Израел го игра првиот меч на квалификацискиот турнир за ЛШ против Макаби Ришон. Мора да победи доколку сака да остане во игра за пласман во елитното клупско натпреварување. Само првопласираната екипа од овие квалификации, во кои учествуваат и норвешки Хаслум и исландски Хафнарфјордур, ќе се најде во ракометниот рај. „Металурзите“ се надеваат дека нема да се повтори Порто и дека ќе успеат во својата намера.
 
 
Нашиот состав е фаворит, но треба тоа да го докаже и на теренот. Домаќинот ќе се обиде да изненади, а најголем адут на „металурзите“ треба да биде цврстата одбрана со која ќе се „стопи“ Макаби.
 
„Наш адут е одбраната. Со цврста одбрана треба го лимитираме израелскиот тим, а потоа со лесни противнапади да им зададеме силен удар. Долго работевме и се подготвувавме за ова и подготвени сме за предизвикот“, – вели Филип Миркуловски.
 
Тренерот Лино Червар бара ракометарите да бидат максимално фокусирани и концентрирани, затоа што на еден ваков турнир нема место за поправање на грешките. Евентуален пораз значи и елиминација.
 
„Мораме да бидеме внимателни. Не смееме да влегуваме во еуфорија. Ќе играме мирно, ќе ги чекаме грешките на противникот. Ваквите мечеви се играат на резултат, а тука одбраната е најважниот сегмент“, потенцира Червар.    
 
Судиската
правда на овој меч ќе ја делат Французите Тиери Дент и Денис Рибел, додека
делегати се Антон Шлик од Австрија и Сотирис Мигас од Грција.

 

Ако
Металург ги мине овие квалификации, тогаш во главната фаза за ЛШ ќе игра во
групата Ц, заедно со екипите на Хамбург (Германија), Цимос Копер (Словенија),
Костанца (Романија), Санкт Петербург (Русија) и Висла Плок (Полска). 
 
 
  

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.