Металург и Вардар во финалето на младинскиот Куп, кадетите на Тетекс со трилер победа над Работнички - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Металург и Вардар во финалето на младинскиот Куп, кадетите на Тетекс со трилер победа над Работнички

Екипите на Металург и Вардар ќе играат во финалето од Купот за младинци на Македонија откако успешно ги минаа реванш полуфиналните пресметки.

Металург по оние 1-1 на реваншот со Шкупи успеа да се избори за финале, додека Вардар беше поуспешен на полуфиналниот двомеч од Академија Пандев.

Извонредно интересно беше во полуфиналето во кадетска конкуренција. Во финалето кај кадетите ќе се сретнат Тетекс и Македонија ЃП.

Тетекс обезбеди место во финалето по трилер победата од 2-1 против составот на Работнички.

На првата средбата Тетекс загуби со 3-2, за да на реваншот младите „штофари“ триумфираат со пресврт во последните секунди од средбата со голот на Мартин Христов. Претходно Работнички поведе, а израмни Жевчевски кој во редовите на Тетекс простигна токму од Работнички.

Македонија ЃП, пак, во полуфиналето го елиминираше тимот на Вардар откако на првата средба младите „лавови“ победија со 1-0, а реванш дуелот заврши без голови.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.