Металург и со „деца“ подобар од Брест (26-21) - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Металург и со „деца“ подобар од Брест (26-21)

Металург го освои третото место на завршниот турнир од СЕХА-лигата откако нашиот првак многу полесно од очекувањата го совлада белорускиот тим Брест Мешков со 26-21. Стратегот на „металурзите“, Лино Червар, целосно ги изостави од списокот Наумче Мојсовски, Младен Ракчевиќ и Ванчо Димовски, за во второто полувреме шанса да добијат дел од младите и талентирани ракометари на Металург како Пешевски и Маџовски. И со ваков комбиниран состав Металург беше многу подобар ривал од составот на Брест, доминирајќи од првата до последната минута и заслужено стигнувајќи до третото место. Мечот беше решен уште во првото полувреме, кога македонскиот шампион стигна до предност од 13-8 што знаеше како да ја задржи до самиот финиш. 

 

Митревски со 16 успешни интервенции имаше одличен ден на голот на „металурзите“, додека во фазата од нападот Козлина постигна седум погодоци, Вугринец беше стрелец на пет, а Батиновиќ на четири гола за победничкиот состав. Во таборот на Брест со добра игра се истакна Татарин со шест постигнати погодоци. 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.