Металург го освои 5.место во Добој - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Металург го освои 5.место во Добој

Ракометарите на Металург го освоија петото место на 43.Турнир на шампионите во Добој. Во натпреварот за петата позиција „металурзите“ беа поуспешни од словачкиот првак Татран со 27-22. Десниот бек на Металург, Жарко Марковиќ, ја понесе титулата најдобар стрелец на турнирот со 28 гола.

Победник на турнирот во Добој е актуелниот европски првак Барселона. Во финалето каталонците го триумфираа против ПИК Сегед со убедливи 12 гола разлика (37-25) . Во последниот натпревар во втората група,  ПИК Сегед го победи Гумерзбах (31-29) и обезбеди финале со Барселона која беше најуспешна во првата група. Гумерзбах славеше против Шамбери (30-28) во мечот за третото место.

На реномираниот традиционален турнир во Добој, Металург забележа три победи (ПИК Сегед, АЕК и Татран) и еден пораз во првиот меч од Гумерзбах. Со две победи во групата, „металурзите“ можеа да играат и во финалето, имаа ист број бодови со ПИК Сегед и со Гумерзбах, но поради послабата гол разлика, македонскиот првак заврши на третото место во групата и на крај разлигруваше за 5.место.

 

 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.