„Металците“ подобри од Гоце Делчев (73-88) - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

„Металците“ подобри од Гоце Делчев (73-88)

„Металците“ подобри од Гоце Делчев (73-88)

Актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром за загубената титула во Купот на Македонија се рехабилитираше со триумф на гостински терен во шампионатот против тимот на Гоце Делчев. „Металците“ славеа со 73-88, а пресудни за триумфот беа втората и третата четвртина во кои гостите беа надмоќни и остварија голема предност.

Во воведниот период, тимот на Гоце Делчев даде силен отпор (22-22), но потоа МЗТ Скопје влезе во серија и ја доби втората четвртина со 13 поени разлика (8-21). Во третата четвртина исто така „металците“ доминираа и ја надградија предноста на преку 20 поени позитива. Штипјани успеаја малку да го ублажат поразот во завршницата од мечот.

Најефикасен во редовите на МЗТ Скопје Аеродром беше Стефан Синовец со 19 поени, а дебитираше и новото засилување, Американецот Кили Реџиналд со осум поени и четири скока.

Никола Караколев од тимот на Гоце Делчев со 20 постигнати поени беше најефикасен кошаркар на оваа средба.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.