Меморијален турнир „Димитар Ѓорѓиев“ во Кавадарци - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Меморијален турнир „Димитар Ѓорѓиев“ во Кавадарци

Следниот викенд во Кавадарци ќе се одржи меморијалниот кошаркарски турнир „Димитар Ѓорѓиев“, посветен на првиот претседател на Фени индустри. Од актуелниот вицешампион на Македонија информираа дека овојпат на турнирот ќе учествуваат само домашни екипи (Фени индустри, Кожув, Струмица и Карпош соколи), најмногу поради фактот дека домашните шампионати кај нашите соседи веќе се во тек. 

 

Според планираното, официјалниот почеток на турнирот ќе биде во 17 часот со мечот меѓу Кожув и Карпош соколи. Веднаш по него ќе следи и свеченото отворање на меморијалниот турнир, по што  во 19 часот ќе стартува и втората полуфинална песметка меѓу домаќинот Фени индустри и тимот на Струмица. В сабота во 17 часот ќе се игра мечот за третото место, додека големото финале од овој меморијален турнир е закажано за 19 часот.

  

Фото: www.kavadar4e.com 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.