Мекејлеб: Убаво е да бидеш Македонец - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Мекејлеб: Убаво е да бидеш Македонец

 Лестер Бо Мекејлеб е новиот херој на Македонија. Американецот со македонски пасош игра фанатично во дресот на нашиот национален тим и ги предводи избраниците на Марин Докузовски до најголемиот успех во историјата на македонската кошарка – пласманот во четвртфиналето на еден европски шампионат. Од претходно беше јасно дека Мекејлеб со квалитетите отскоскнува од сите македонски репрезентативци, но ретко кој очекуваше толкава борбеност од фантастичниот плејмејкер, кој иако се мачи со повреди секогаш стиснува заби за да биде на теренот и да им донесе радост на нашите навивачи. Тој беше човек на одлука и на дуелот со Грузија, постигнувајќи ги поените за победа на две секунди до крајот. Веднаш потоа, Мекејлеб им ја посвети големата победа на македонските навивачи. 

 

Убаво е да бидеш Македонeц. Секогаш ја имам поддршката на публиката, ги слушам како го извикуваат моето име и тоа ми дава мотив плус. Горд сум што ги бранам токму боите на Македонија. Никогаш не се надевав, не можев ни да сонувам дека ќе бидам толку попупарен кај македонските фанови. Тоа е навистина прекрасно и ме мотивира уште повеќе, во иднина да продолжам да давам се од себе за оваа земја“ – изјави Мекејлеб по завршувањето на дуелот со Грузија.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.