Мацков од сега ќе биде баш ’шеф’ во Металург - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Мацков од сега ќе биде баш ’шеф’ во Металург

Мацков од сега ќе биде баш ’шеф’ во Металург

Искусниот стратег Алексо Мацков, кој и досега беше пријавен како шеф на стручен штаб на Металург во записницните на ФФМ, но не седеше на клупата на мечевите, отсега ќе ја добие улогата на ’шеф’. Ќе седи на клупата како тренер и ќе ги води натпреварите на Металург. Ова е новината која доаѓа од клубот од „Железарница“, по анализата на стартните неколку кола од новиот шампионат на Македонија.

„Металурзите“ се последни на табелата по пет одиграни кола, со само еден освоен бод, па сега Алексо Масков ќе седи на клупата, а Марјан Герасимовски, кој досега го водеше тимот на натпреварите, ќе биде негов асистент.

„Алексо Мацков е шеф на стручниот штаб во нашиот клуб, а, точно е, отсега ќе биде до Марјан Герасимовски на клупата и ќе го води тимот. Не очекувавме ваков слаб старт на шампионатот, но веруваме дека во продолжението од првенството во Првата лига ќе бележиме подобри резултати“, вели за ЕКИПА, првиот човек на клубот, Александар Панов.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.