Матијас Андресон се пензионира и почнува тренерска кариера - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Матијас Андресон се пензионира и почнува тренерска кариера

Матијас Андресон се пензионира и почнува тренерска кариера

Шведскиот голман на голот на Фленсбург, Матијас Андерсон (39) на крајот од сезоната ја завршува голманската кариера и продолжува во тренерски води.

По завршувањето на договорот со Флензбург на 30 јуни 2018 година, Андерсон продолжува како тренер на голманите во репрезентацијата на Австрија. Австриската ракометна федерација го потврди ангажамнот на Андерсон од 1 јули 2018 година како дел од проектот за ЕП 2020 на кое Австрија ќе биде домаќин.

Имав долго време да работам на мојата активна кариера, а како тренер на голманите ќе имам можност тоа да го пренесам на другите. Во Шведска, тренингот на голманите одамна е посебен приоритет. За австрискиот ракомет добро е што федерацијата дејствува и прави нешто на тој план. Нема многу земји кои се така професионално позиционирани. ЕП 2020 година е нешто посебно. Мора да се докажуваме секој ден и да работиме напорно“ – изјави искусниот шведски голман за својот иден ангажман во репрезентацијата на Австрија.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.