
- Кире Лазаров: Имаме поголеми шанси со Германија отколку со Словенија Објавено пред 3 години
- „Вардарци“ стартуваа со подготовките: Разликата со Шкендија не е недостижна! Објавено пред 3 години
- „Ел команданте“ и македонската чета (ФОТОГАЛЕРИЈА) Објавено пред 3 години
- Вардар ги претстави тројцата „пелистерци“: Тошевски, Попзлатанов и Цветаноски се нови вардарци Објавено пред 3 години
- Несторовски оди во Торино, но дури во јули Објавено пред 3 години
- СЕДМЕРЕЦ: Не е притисок, гордост е Објавено пред 3 години
- ЕХФ: Лука Циндриќ, најдобар ракометар во Европа за 2017 година Објавено пред 3 години
- Три адути за ЕП: Свежиот Кире, „ел команданте“ и децата што станаа мажи Објавено пред 3 години
- ТРИ СЕКУНДИ: Српска „струја“ не „дрма“ во МЗТ Скопје Објавено пред 3 години
- Македонија не се шегува – средена и Србија, дајте ја Словенија Објавено пред 3 години
Мата доаѓа во Челси
- '
- Објавено: август 19, 2011 22:00
Хуан Мата ќе стане нов фудбалер на Челси откако лондонскиот клуб се договори со Валенсија висината на трансферот на овој извонреден плејмејкер да изнесува 30 милиони евра. Шпанскиот клуб немаше немера да го продаде Мата во овој преоден рок, но извонредната понуда што пристигна од Англија ги натера челниците на Валенсија да го сменат својот став и да му посакаат на овој фудбалер многу среќа при настапите во Премиер-лигата.
Менаџерот на Челси, Андре Вилјаш-Боаш, не го криеше разочарувањето од недоволната инвентивност на неговиот тим како во подготвителниот период, така и на премиерниот меч со Стоук што заврши 0-0. Токму поради ова португалскиот стратег побара од газдата Роман Абрамович експресно да му биде доведен инвентивен фудбалер во тимот, по што Абрамович испрати до Валенсија понуда за Мата што едноставно не можеше да биде одбиена.
За очекување е Мата во следните неколку дена да пристигне во Лондон, да ги мине лекарските прегледи и да го стави потписот на договорот со својот нов клуб. Во меѓувреме, челниците на Челси ги продолжуваат преговорите со Тотенхем за трансферот на Лука Модриќ, уште еден суперквалитетен фудбалер што сигурно би претставувал вистинско освежување за средниот ред на „сините“.