Марковски: Можев да седам на 1.500 километри и да гледам, но дојдов овде за да помогнам - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Марковски: Можев да седам на 1.500 километри и да гледам, но дојдов овде за да помогнам

Марковски: Можев да седам на 1.500 километри и да гледам, но дојдов овде за да помогнам

Заре Марковски по долги години повторно е дел од македонската кошаркарска сцена. Во последниот период тој беше споменуван во неколку различни улоги, за денеска дефинитивно да го добие своето место меѓу новото раководство на Македонската Кошаркарска Федерација, како спортски директор во МКФ. Поранешниот селектор не крие дека е задоволен од враќањето во татковината, но исто така и напоменува дека пред него и соработниците е период во кој сите ги очекува тешка задача.

Можев да седам на околу 1.5000 километри одовде и да ја следам ситуацијата преку интернет, но решив да дојдам овде и да помогнам за работите да тргнат на подобро, македонската кошарка да почне да се движи во правец што сите го посакуваме. Со раководството ан МКФ стапивме во контакт преку Лазар Лечиќ, разговаравме често во изминатиот период и постигнавме договор. Како спортски директор имам пред себе одговорна улога да придонесам за развојот на македонската кошарка, верувам дека ќе успеам во тоа“ – изјави Марковски пред денешниот состанок на Управниот Одбор.

Тој неодамна изјави дека кога би бил селектор, под негово водство би немало натурализирани кошаркари во репрезентацијата, но нема да инсистира на такво нешто како директор.

Бев дел од состанокот со селекторот Џикиќ и можам да кажам дека списокот на кошаркари е веќе подготвен и на него ќе се најдат и оние кои во изминатиот период имаат најавено дека нема да настапуваат. Ние во следниот период ќе разговараме со секој од нив поединечно и ќе видиме кој ќе сака и ќе биде во можност да игра за Македонија, а кој не… На списокот од 24 кошаркари ќе има и натурализирани играчи со македонски пасоши. Јас останувам на својот став за натурализацијата, но мислам дека сега би било избрзано, особено бидејќи не се знае ни точно кои домашни играчи ќе настапат на претстојното Европско Првенство“ – истакна Заре Марковски.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.