Маркота не мрда од Љубљана - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Маркота не мрда од Љубљана

Хрватскиот кошаркарски репрезентативец Дамир Маркота и во следната сезона ќе го носи дресот на Унион Олимпија. Овој кошаркар лани имаше импресивна сезона во дресот на Олимпија, што беше причина за управата на клубот да му понуди продолжување на договорот за уште една сезона. Иако во меѓувреме доби уште неколку интересни понуди, Маркота сепак реши да остане во Љубљана и во следната сезона да настапува за Унион Олимпија, како во словенечкиот шампионат, така и во Евролигата и во НЛБ лигата. 
 
Сметам дека имаме многу квалитетен тим, способен за високи дострели. Лани имавме добри резултати во Европа, но не стигнавме до титулата во Словенија. Очекувам сезонава да се вратиме на тронот на словенечката кошарка“ – изјави Маркота по потпишувањето на новиот договор. 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.