Марјан Србиновски, нов тренер на Куманово - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Марјан Србиновски, нов тренер на Куманово

Марјан Србиновски, нов тренер на Куманово

Марјан Србиновски е нов шеф на стручниот штаб на Куманово, наследувајќи го на оваа функција Страшо Тодоровиќ. Поранешниот селектор на Македонија беше без ангажман од стартот на сезонава, па го прифати предизвикот да седне на клупата на кумановци, кои се актуелни вицешампиони во домашното првенство. Тодоровиќ се врати на кормилото на Куманово заменувајќи го Љубислав Луковиќ пред неколку месеци, но и тој не издржа долго, па беше сменет по неуспехот на завршниот турнир од Купот на Македонија каде кумановци загубија во полуфиналето од Карпош соколи.

Се договоривме со раководството на Куманово, соработката ќе трае до крајот на оваа и во текот на следната натпреварувачка сезона. Станува збор за квалитетен тим составен од добри кошаркари, имам доверба во ростерот што ќе го имам на располагање. Нормално дека целта ќе биде борба за висок пласман и мислам дека сме подготвени за такво нешто, иако нема да биде нималку лесно бидејќи сезонава првенството е максимално израмнето. Со заедничка напорна работа можеме да ги оствариме резултатите што ги посакуваме, затоа и го прифатив овој предизвик“ – изјави Србиновски за ЕКИПА.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.