Младеновиќ го напушти АВ Охрид и го засили Радовиш - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Младеновиќ го напушти АВ Охрид и го засили Радовиш

Младеновиќ го напушти АВ Охрид и го засили Радовиш

Довчерашниот кошаркар на АВ Охрид, Марјан Младеновиќ го напушти тимот и е ново засилување за второлигашот Радовиш. Тој ги помина лекарските прегледи и се приклучи на новата екипа, која има големи амбиции за влез во прволигашката конкуренција.

Радовиш во изминатиот период се засили со неколку квалитетни играчи од Првата лига и е еден од најсериозните кандидати за влез во елитното натпреварување од следната сезона.

Младеновиќ дојде во АВ Охрид минатата сезона и беше дел од екипата која во Втората лига победи на 17 од 18 натпревари. Претходно охридскиот состав го напуштија Дарки Димковски и рускиот интернационалец, Дмитри Некрасов.

ФОТО: http: www.ohridnews.com

 

 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.