Марјан Лазовски, нов тренер на Работнички - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Марјан Лазовски, нов тренер на Работнички

Управата на Работнички експресно пронајде замена за Марјан Србиновски, кој што вечерва по поразот од Лирија поднесе оставка од функцијата шеф на стручниот штаб на најтрофејниот македонски кошаркарски колектив. ЕКИПА дознава дека станува збор за Марјан Лазовски, искусниот стратег што во минатата сезона седеше на клупата на Торус, пред летово да биде заменет со Боби Петровски. 

 

По одлуката за заминување на Србиновски, водечките луѓе на Работнички контактирале со неколку квалитетни стручњаци, но на крајот изборот паднал врз Лазовски поради неговото одлично познавање на приликите во македонската кошарка. Марјан Лазовски беше присутен во „Градски парк“ на денешниот натпревар меѓу Работнички и Лирија, па можеше на дело да ги види квалитетите на кошаркарите што ќе ги предводи. Интересно е што и Лазовски, исто како и претходно Србиновски, му беше асистент на селекторот Марин Докузовски при работата во националниот тим и големиот успех на Евробаскет 2011. 

 

Марјан Лазовски од попладнево ќе почне да ги води тренинзите на Работнички, а своето деби ќе го има викендов, на пресметката во Гевгелија со тимот на Кожув. Потоа овој стратег за противник ќе го има Вардар, по што следат и двата големи дерби-дуели, со Фени индустри во Кавадарци и со МЗТ Скопје во салата „Градски парк“. Останува да се види дали Лазовски ќе успее да го изгасне пожарот што опасно гори во најтрофејниот македонски колектив и ќе го одведе Работнички најпрвин до Супер-лигата, а потоа и до едно од првите четири места на табелата. 

 

 Фото: vklucise.mk

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.