Манасков со нов договор: Потпиша со Веспрем до 2020 година! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Манасков со нов договор: Потпиша со Веспрем до 2020 година!

Манасков со нов договор: Потпиша со Веспрем до 2020 година!

Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков потпиша нов договор со унгарски Веспрем сега со важност до 2020 година.

Изминатово лето Манасков потпиша едногодишен договор со Веспрем, до крајот на јуни 2018 година. Но, по одличните игри изминатава есен Унгарците без многу размислување се одлучија да му понудат нов договор за нови дополнителни две години, па сега македонскиот ракометар ќе остане во Веспрем до 2020 година.

Манасков досега одигра 21 натпревар за Веспрем есенва, постигнувајќи притоа и 64 гола. По потпишувањето на новиот договор сега комплетно се фокусира на репрезентативните обврски, насочувајќи се кон настапот на ЕП во Хрватска. Од понеделник треба да се приклучи на подготовките на националниот тим во Скопје.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.