Манасков: Најголема желба ми е да ја победиме Словенија - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Манасков: Најголема желба ми е да ја победиме Словенија

Манасков: Најголема желба ми е да ја победиме Словенија

Дејан Манасков и на ова големо натпреварување ќе биде еден од главните адути на Македонија, во обид да се оствари што подобар пласман најпрвин во групата во Загреб, а потоа и во втората рунда што ќе се игра во Вараждин, а во која ќе се пласираат трите најдобри селекции од секоја група. Дополнително мотивиран со новиот договор потпишан со Веспрем, Манасков со нетрпение го очекува новите предизвици во репрезентативцниот дрес.

„Во овие моменти најважно е здравјето, сите да останеме “фит“ бидејќи доаѓаме на овој собир по напорен период со своите клубови. Јас гледав на ТВ кога дел од моите колеги последен пат играа во Вараждин на она СП во 2009 година, знам колку беше убаво чувството меѓу сите Македонци во тој период и сакаме повторно да им донесеме радост. Искрено верувам дека сме способни за добар резултат, ќе одиме натпревар по натпревар, нема да летаме во облаци, туку ќе се фокусираме чекор по чекор. Знаете како е со Македонија, никогаш ништо не се знае, можеме да загубиме од Црна Гора, а да ја добиеме Германија. Ние сме такви какви што сме, немаме 20 играчи како Германија, но секогаш го даваме максимумот. Мене лично најголема желба ми е да ја добиеме Словенија, селекција со која се мачиме во последните години, но за која верувам дека со добра игра и вистински пристап можеме да ја совладаме“ – оптимист е Дејан Манасков.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.