Манaсков избра дрим-тим – Штербик, Дибиров, Балиќ... - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Манaсков избра дрим-тим – Штербик, Дибиров, Балиќ…

Манaсков избра дрим-тим – Штербик, Дибиров, Балиќ…

Сите играчи на Веспрем добија задача да направат свој ракометен дрим-тим, селектирајќи ги на секоја позиција најдобрите играчи на сите времиња.

Македонскиот репрезентативец во дресот на Веспрем, Дејан Манасков во својот идеален тим избра свои поранешни или актуелни клупски колеги. Во избраниот состав на Манасков се двајцата вардарци – Арпад Штербик и Тимур Дибиров, потоа, Патрик Грецки и Хендрик Пекелер со кои играше заедно во Рајн Некар Левен. Најдобар среден бек е Ивано Балиќ со кого ја делеше соблекувалната во неговата последна сезона во Вецлар. А, на две позиции се двајца негови клупски колеги од Веспрем – Ласло Наѓ и Момир Илиќ.

„Дрим-тимот“ по избор на Манасков:

Голман: Арпад Штербик

Десно крило: Патрик Грецки

Десен бек: Ласло Наѓи

Среден бек: Ивано Балиќ

Лев бек: Момир Илиќ

Лево крило: Тимур Дибиров

Пикер: Хендрик Пекелер

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.