Мамиќ по нападот: Загубив свест, но среќа пријателите ме извлекоа од морето - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Мамиќ по нападот: Загубив свест, но среќа пријателите ме извлекоа од морето

Мамиќ по нападот: Загубив свест, но среќа пријателите ме извлекоа од морето

Здравко Мамиќ вчера беше физички нападнат во Бол на Брач, додека во друштво на семејството и пријателите се шетал на централното пристаниште.

Момче, на 22 години, се залета кон Мамиќ и со бокс го удри по главата, по што од силината на ударот паднал во море.

„Бев во Бол да го славам роденденот на мојот роднина Стојко Мамиќ. Се беше нормално, и во еден момент долета некое момче од зад грб и со бокс ме удри по глава, по што паднав во морето. После многу и не се сеќавам, но на среќа пријателите веднаш ме извлекле од морето. Бев ошамутен, изгубив свест, и сега не се сеќавам на се, но верувам дека ќе бидам добро“ – вели Мамиќ за „Спортске новости“ и дополнува:

„Но, не побарав лекарска помош. Не се чувствував добро, но мислам дека немаше потреба за лекарска помош“ – вели Мамиќ.

Лицето кое го нападна сопственикот на Динамо Загреб е фатено од полицијата, иако се уште не се соопштува неговиот идентитет.

„Не можам да го потврдам идентитетот на лицето, но факт е дека полицијата постапи согласно своите овластувања“ – велат од хрватската полиција.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.