Мамиќ го доведе и Шимуниќ - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Мамиќ го доведе и Шимуниќ

Хрватскиот клуб Динамо Загреб успеа да ангажира уште едно големо засилување во последниот ден од преодниот рок. Потпретседателот Здравко Мамиќ го исполни своето ветување и на „Максимир“ го доведе Џое Шиминуќ, искусниот дефанзивец на Хофенхајм, кој ќе ги засили „модрите“ за настапите во Лигата на шампионите оваа сезона. Тој потпиша договор на две години. 

 

„Се договорив со Динамо Загреб и пред малку го потпишав договорот. Се излезе некако брзо, прво се договорија Динамо и Хофенхајм, а потоа и јас одлучив дека е најдобро да се вратам во Хрватска. Мора да кажам дека исто така преговарав и со Хајдук Сплит, но одлуката е само моја. Размислував од спортски аспект и се одлучив за Динамо Загреб затоа што ќе настапува во Лигата на шампионите“ – изјави Џое Шимуниќ.

 

Динамо Загреб објави и дека капитенот Игор Бишќан потпишал нов договор со клубот.   

 

          

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.