Макс Струмица испушти деби победа во СЕХА, ремизираше со Војводина - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Макс Струмица испушти деби победа во СЕХА, ремизираше со Војводина

Макс Струмица испушти деби победа во СЕХА, ремизираше со Војводина

Актуелниот македонски вицепрвак, составот на Макс Струмица, испушти шанса победнички да ја отвори новата сезона во СЕХА – лига, во дебитантскиот настап за клубот откако на домашен терен, во салата “Парк” ремизираше 25-25 (13-11) против Војводина.

Ракометарите на Макс Струмица лошо влегоа во мечот со оглед дека Војводина поведе со 4-0, благодарение на голови од контранапади, по грешките на струмичкиот тим. Првиот погодок струмичани го постигна во осмата минута преку Мајиќ, а во следниот период анулираа дел од негативата. Сепак, одново следеше пад во играта кај избраниците на Андонов, па српскиот тим со нова серија од 4-0 поведе со 5-9.

Во втората половина од првиот дел стримичките „рисови“ заиграа далеку подобро во однос на првиот дел, па со серија од 7-1, пред се благодарение на Мајиќ, поведоа со 13-10. Војводина со гол во финишот на полувремето замина на одмор само со два гола негатива(13-11).

maks teks

Стартот на вторио дел го одбележа израмнета игра во која  клубот од Нови Сад брзо ја анулираше негативата, израмнуваќи на 14-14. Сепак,  Макс Струмица благодарение на одличните одбрани на Трајковски, и головите на крилата Чантурија и Мајиќ во средината на вториот дел поведоа со највисоки 20-16.

Но, и ова не беше доволно за мирен финиш, бидејќи струмичани сами си ја закомпликуваа ситуацијата, па дозволија во последните две минути од мечот Војводина да израмни на 24-24. На четири секунди до крајот Пецаковски погоди за преднос од 25-24, но кога сите почнаа да се радуваат на победата, Војводина, во последната секунда преку Марјановиќ израмни за конечно реми од 25-25.

Најефикасен во составот на Макс Струмица беше левото крило Мајиќ со 9 погодоци, еден помалку од неговиот колега на десната страна Чантурија, кој постигна осум погодоци. Одличен на голот беше  Благојче Трајковски, кој оствари 15 интервенци на голот.

 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.