Македонски кошаркарски парадокс: Широки врати за странците, „катанец“ за домашнитe - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Македонски кошаркарски парадокс: Широки врати за странците, „катанец“ за домашнитe

Македонски кошаркарски парадокс: Широки врати за странците, „катанец“ за домашнитe

Правилото за странски кошаркари, односно зголемувањето на нивниот број во македонските прволигаши на дури шестмина, изгласан пред две сезони, полека, но сигурно се полошо влијае врз домашните играчи. Имено, летово уште повеќе се интензивираше трендот наместо во домашни, да се преферерира инвестиција во странските играчи, претежно од Србија, кои вообичаено (чест на исклучоци) ќе одиграат една до најмногу две сезони, па ќе си заминат на следна „тезга“, не оставајќи ништо зад себе.

Кошаркари со дебело педигрe во прволигашката конкуренцијa, меѓу кои има и играчи со интернационална кариера, па дури и репрезентативци, на крајот од месец септември се без ангажман. Бројката е алармантна, ги има приближно околу дваесетмина  од кои може да се направат дури две стабилни прволигашки екипи. Меѓу нив се имиња како: Јане Петровски, Маријан Ѓуров,  Владимир Георгиевски, Ивица Димчевски, Кирил Павловски,  Синиша Аврамовски, Тони Симиќ, Јован Марковски, Диме Тасовски, Бојан Трајковски, Стојан Ѓуровски, Бојан Крстевски, Андреј Магдевски, Ненад Зивчевиќ и т.н.

Ростерите на нашите прволигаши воглавно се пополнети, претежно со максимална квота на странци, од шестмина, а за слободните домашни кошаркари ангажман во некој од нивните редови е далеку од видик.

Причината за ова е многу јасна, странските кошаркари, претежно со сомнителен квалитет за пониска цена, нечесто на пола прифаќаат да играт во нашите клубови. Ова за тимовите е поисплатливо, секако, ако не чини за еден месец ќе го отпуштат и ќе донесат нов. Се така до безизглед, нешто што минатата сезона на најдобар начин го илустрираше МЗТ Скопје кој промени над 20 кошаркари.

Каде се домашните играчи во оваа приказна? Шансите за трансфер во странство на Македонец од нашата лига од година во година се позначително се намалуваат, па така излез на интернационална сцена  е  многу малку веројатно сценарио. Тие мора да прифатат за многу пониска цена или пак ќе мора предвремено да ги закачат патиките.

Иако речиси од сите клубови „се чукаат во гради” дека ќе им дадат можност на помлади играчи, ќе работат со нив, во пракса не е така, а на тој тренд скоро секогаш се вртат само кога се принудени, поради намалување на буџетите. Со ова темпо не само што нема да се произведат нови кошаркари, туку ќе останеме и без оние кои ги имаме.

Дел од клубовите се жалат дека сумите што ги бараат домашните играчи се нереално високи за наши услови. Можеби е точно, но мора да се седне на маса и да се најде решение, бидејќи мора да се најде решение на овој проблем, за доброто на сите. Ако тоа не се стори, за година-две може слободно да ја интернационализираме потполно лигата (да се игра со странци и младинци), сценарио што сигурно никој не сака да се исполни.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.