Македонија: Повеќе менаџери - од фудбалери за продавање - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Македонија: Повеќе менаџери – од фудбалери за продавање

Во Македонија има регистрирано 43 фудбалски менаџери, а имаме Прва лига, од која ниту десетина фудбалери не би можеле да се продадат во странство. Оваа неверојатна тема ја донесува хрватскиот портал „Индекс“, во која е наведено дека земјите на поранешна Југославија се меѓу лидерите по бројот на фудбалски агенти во светот, кога е во прашање соодносот на агенти и регистрирани фудбалери во државата. Македонија е неверојатен пример во регионот. 
 
 
Така, фудбалските агенти „мешетарат“ по клубовите, ги убедуваат младите фудбалери да си заминат во странство, понекогаш и за многу малку пари, и во клубови со смешно реноме, само за да заработат некое евро повеќе. Нивното убедување се состои од паролата „Се е подобро, отколку во Македонија.“
 
 
Слично е и во останатите земји од поранешна Југославија. Македонија е лидер во соодносот на регистрирани фудбалски агенти, вкупно 43, и регистрирани фудбалери, околу 22.000. Вкупната бројка на фудбалери во Македонија, според некои проценки, изнесува околу 93.000.
 
 
Блиску до Македонија во овој поглед и БиХ. И таму фудбалот воопшто не цвета, ама затоа има огромен број фудбалски менаџери. Се обидуваат да извлечат најмногу што може од хаосот и да ги продадат младите фудбалери во странство. БиХ има 123 регистрирани фудбалски менаџери на вкупна бројка од 69.000 регистрирани фудбалери, односно околу 200.000 фудбалери вкупно, заедно со аматерските лиги.
 
 
Зад Босанците, се српските менаџери кои ги има 107 на број, и се чини дека тие заедно со хрватските сепак имаат најдобри релации на Балканот и во Европа. Голем дел од македонските менаџери се „потрчковци“ на српските, работат за нивни агенции или пак од нив чекаат релации за да ги пласираат своите фудбалери на Запад. Во Србија има 132.000 регистрирани фудбалери, односно вкупно 441.000 кои се занимаваат со фудбалот.
 
 
Хрватска има 48 регистрирани фудбалски менаџери на 109.000 регистрирани фудбалери (вкупно 362.000 фудбалери), а најмал е бројот во Словенија, „само“ 28 фудбалски агенти на бројка од 30.000 регистрирани фудбалери (вкупно 116.000).
 
 
Кога овие фрапантни податоци ќе се споредат со еден Бразил, кој е најголем извозник на фудбалери во светот, може да се добие вистинската слика на „пренатрупаност“ во менаџерството на поранешните ју-простори. Така на пример, Бразил има 339 регистрирани фудбалски менаџери, а околу 2,1 милиони регистрирани фудбалери и околу 13,1 милиони кои играат фудбал во аматерските клубови.          
 
 
 
Тоа значи дека во Бразил, еден фудбалски агент во просек би можел да работи со 6194 фудбалери, а во Македонија тој сооднос е 511. Македонија речиси и да нема квалитетни фудбалери за извоз, знаеме колку тешко нашите играчи се продаваат во странство, но затоа имаме „на кило“ фудбалски менаџери кои се обидуваат да заработат од фудбалот. Можеби и затоа фудбалот ни е катастрофален, па како што истакна тренерот Ѓоре Јовановски, можеби треба и да се забрани со декрет цели пет години, за да се расчистат сите работи. Но, во еден таков случај, менаџерите би „процветале“, затоа што би можеле да прават слободен извоз…              

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.