
- Кире Лазаров: Имаме поголеми шанси со Германија отколку со Словенија Објавено пред 1 година
- „Вардарци“ стартуваа со подготовките: Разликата со Шкендија не е недостижна! Објавено пред 1 година
- „Ел команданте“ и македонската чета (ФОТОГАЛЕРИЈА) Објавено пред 1 година
- Вардар ги претстави тројцата „пелистерци“: Тошевски, Попзлатанов и Цветаноски се нови вардарци Објавено пред 1 година
- Несторовски оди во Торино, но дури во јули Објавено пред 1 година
- СЕДМЕРЕЦ: Не е притисок, гордост е Објавено пред 1 година
- ЕХФ: Лука Циндриќ, најдобар ракометар во Европа за 2017 година Објавено пред 1 година
- Три адути за ЕП: Свежиот Кире, „ел команданте“ и децата што станаа мажи Објавено пред 1 година
- ТРИ СЕКУНДИ: Српска „струја“ не „дрма“ во МЗТ Скопје Објавено пред 1 година
- Македонија не се шегува – средена и Србија, дајте ја Словенија Објавено пред 1 година
Македонија не се шегува – средена и Србија, дајте ја Словенија

Македонската ракометна репрезентација имаше успешна увертира за ЕП 2018 откако вечерва одиграа одличен меч во Белград, совладувајќи ја селекцијата на Србија со резултат 29-32. Напредокот во играта во однос на претходните средби беше очигледен, па иако Гонзалес многу комбинираше и испробуваше најразлични варијанти, темпото на игра во нашите редови многу ретко варираше. Во игра воопшто не влезе Дејан Манасков, но затоа на спротивната страна максимално расположен беше Гоце Георгиевски на десн крило, кој со осум гола беше најефикасен на натпреварот.
Гонзалес се реши за нешто поразличен стартен тим од вообичаено, со Ојлевски наместо Манасков на лево крило и Митревски како прв голман пред Ристовски. Во одбраната стартувавме со зона 5-1 со Георгиевски како најистурен во зоната, додека и Србите тргнаа со изненадувачка зона во одбраната, со тројца нешто поистурени играчи со јасна намера да ги оддалечат нашите шутери Лазаров и Талески од својата вообичаена „зона“.
Тоа ни создаваше многу проблеми во нападот на стартот, па Србија по пет минути игра поведе со 3-1. Миркуловски постигна два гола во следните неколку минути наоѓајќи лек за зоната на домаќините, но на спротивната страна Марсениќ ни создаваше многу проблеми, па Србија ја одржа предноста од два гола (5-3). Митревски беше одличен на нашиот гол, со шест интервенции за петнаесетина минути, даде самодоверба и во нападот, па со головите на Кире Лазаров и на Георгиевски нашиот состав поведе со 5-6.
Раул Гонзалес побара тајмаут при резултат 8-8, а веќе во првата следна акција Гоце Георгиевски го продолжи своето шоу во првото полувреме, постигнувајќи го петтиот гол за 19 минути игра, за водство на Македонија од 8-9. Во еден момент „црвено-жолтите“ имаа и „плус два“, но Србите пред крајот на полувремето го свртеа резултатот во своја полза. Марсениќ промаши зицер при резултат 13-12, по што нашите репрезентативци преку Ојлески и Стоилов направија пресврт, на одмор заминувајќи со минимална предност од 13-14.
Во второто полувреме Гонзалес направи неколку замени, Ристовски застана на голот, Поповски почна на десно крило наместо Георгиевски, Кузмановски се приклучи на бековската позиција, а Пешевски го замени Стоилов. Токму Пешевски беше во главна улога на стартот од второто полувреме, во кое во првите десетина минути го контролиравме резултатот, одржувајќи водство меѓу еден и два гола. На петнаесет минути до крајот Македонија водеше со 19-21, кога Кузмановски доби исклучување, но и со играч помалку одигравме одлично, поведувајќи со 20-23. Веднаш потоа две минути доби Никола Маркоски, но Кире Лазаров одлично ги разигра соиграчите, па преку Георгиевски и Стоилов поведовме со 21-25.
Цветковиќ побара тајмаут на десет минути до крајот, но нашиот напад функционираше одлично, Србите се вратија на одбрана 6-0, но во ритам влегоа Лазаров и Талески погодувајќи удари од бековската позиција. По исклучувањето на Стоилов домаќините ја преполовија предноста на Македонија (26-28), а во одбраната тргнаа со „фластер“ на Кире Лазаров. Сепак, најдовме решение со гол на Ојлески, со што беше ставен и крај на надежите на Србите за целосен камбек, и апсолутно заслужена победа на македонскиот состав, изразена со конечните 29-32.
Од она што можеше да се забележи, напредокот во играта е очигледен, а силна репрезентација како Србија да се победи на гостински терен во никој случај не е мала работа. Сепак, за очекување е уште подобро издание на нашите избраници за осум дена, кога почнуваат вистинските предизвици, дуелите со Словенија, Црна Гора и Германија во групата Ц од Европското Првенство.
Advertisement
Останато од категоријата
10:17
10/01/201809:41
10/01/201809:06
10/01/201808:28
10/01/201822:39
9/01/201822:17
9/01/201822:05
9/01/2018-
21:40
9/01/2018 21:22
9/01/2018-
21:02
9/01/2018 -
20:44
9/01/2018 20:06
9/01/201819:54
9/01/2018-
19:33
9/01/2018 -
19:17
9/01/2018
15:27
14/02/201608:32
7/08/201719:15
7/09/201615:15
16/02/201611:10
18/12/201216:16
17/05/201621:40
9/01/201810:45
30/10/201309:35
14/09/201720:10
4/10/201222:23
17/08/201710:51
15/09/201713:13
19/01/201718:12
3/11/201622:40
7/10/2016