Македонија на „Трофеј Карпати“ – противници како во група на СП - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Македонија на „Трофеј Карпати“ – противници како во група на СП

Македонија на „Трофеј Карпати“ – противници како во група на СП

Женската ракометна репрезенатција на Македонија од денеска до недела ќе настапи на силниот меѓународен турнир „Трофеј Карпати“ во Крајова, Романија. На 49.издание на турнирот ќе учествуваат и селекциите на Бразил, Полска и на домаќинот Романија за кои ова ќе биде последна проверка пред настапот на СП во Германија што стартува на 1 декември.

За македонската репрезентација која веќе подолго време ја нема на големите натпреварување, ова ќе бидат три силни натпревари и драгоцено искуство за ракометарките. Бразил е светски шампион од 2013 година, Романија беше третоплаисрана, а Полска полуфиналист на претсходното СП во 2015 година.

„Сите противници се комплетни во завршни подготовки пред настапот на Светското првенство во Германија. Бразил по настапот на „Трофеј Карпати“, од Романија патува директно во Германија. Буквално, ова е како група на СП. И за нас ова ќе бидат многу значајни натпревари на ваков квалитетен турнир. Од сите репрезентативки во нашиот состав само една ракометарка има играно вакви натпревари. Последниве години не сме учествувале на ниедно првенство и ова е можност да играме против репрезентации што се во врвот на светскиот ракомет. Ќе пробаме некои комбинации и во секој случај, овие натпревари за нас ќе бидат драгоцено искуство“ – истакнува селекторот на македонската репрезентација, Симе Симовски.

Македонската репрезентација вчера по пристигнувањето во Крајова одработе еден тренинг, а денеска (16 ч.) ги очекува првиот дуел против селекцијата на Бразил.

Распоред на натпреварите:

24 ноември:

Македонија – Бразил (16 ч.)

Романија – Полска (18 ч.)

25 ноември:

Бразил – Полска (13 ч.)

Романија – Македонија (15 ч.)

26.ноември:

Македонија – Полска (13 ч.)

Романија – Бразил (15.30 ч.)

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.