Македонија го доби Дујковиќ за репрезентативец, еден од петте највисоки кошаркари во Европа - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Македонија го доби Дујковиќ за репрезентативец, еден од петте највисоки кошаркари во Европа

Македонија го доби Дујковиќ за репрезентативец, еден од петте највисоки кошаркари во Европа

Кошаркарската репрезентација на Македонија добива значајно засилување под кошевите, откако за настап во националниот тим е ангажиран Марко Дујковиќ, 226 сантиметри висок центар, кој е еден од петте највисоки кошаркари во Европа. Македонската кошаркарска федерација на својот сајт објави дека од ФИБА пристигнаа документите за настап на Македонецот кој по потекло е од Куманово, а во последната сезона настапувал за Олимпија од Тбилиси во грузискиот шампионат.

marko dujkovic 2„26 – годинишиот Дујковиќ (роден 21.03.1990 година во Куманово) по мајка е Македонец, во контактите со новиот предводник на нашиот сениорски тим Драган Раца изразил подготвеност да игра во црвено жолтиот дрес, што веднаш е прифатено и врз основа на неговата желба канцеларијата на МКФ стапи во контакт со ФИБА, а претседателот Петар Наумоски лично се ангажираше и одржа неколку средби со одговорните лица од ФИБА за оваа проблематика по што следуваше позитивен одговор и високиот центар доби можност да настапува во нашиот национален тим како Македонец. Секако благодарение на неговото потекло и место на раѓање Куманово, но и според потеклото на неговата мајка која е Македонка.

Високиот Дујковиќ сигурно ќе биде од голема помош во играта под кошевите посебно во претстојните квалификации, откако Предраг Самарџиски поради повреда најави дека ќе го прескокне квалификацискиот циклус за пласман на ЕП во 2017. МКФ му се заблагодарува на Марко Дујковиќ на желбата и подготвеноста да настапува репрезенативниот дрес. Му посакува топло добредојде со надеж на позитивни игри и успеси во репрезентативниот дрес но и во клупскиот ангажман“, се вели меѓудругото на сајтот на МКФ.

Марко Дујковиќ инаку настапувал во повеќе клубови во Србија, Босна и Херцеговина и Грузија.

Високиот Дујковиќ по три сезони во српскиот прволигаш Металец, една сезона е дел од тимот на Босна, а последната сезона настапува во првенство на Грузија во екипата на Олимпија од Тбилиси. Во Србија играл и за екипата на Раднички од Белград.

Во дресот на Олимпија од Тбилиси во шампионатот на Грузија, Дујковиќ на 17 натпревари просечно играл по 25,4 минути остварувајќи дабл дабл учинок од 11,4 поени и 11,8 скока.

Инаку Дујковиќ во моментов е еден од петте највисоки кошаркари во Европа.

Марко Дујковиќ веднаш се стави на располагање на селекторот Драган Раца и ќе дебитира во репрезентацијата на турнирите во Кина, на кои ќе настапиме со комбиниран состав. Покрај Дујковиќ на турнирите во Кина ќе играат и младите и надежни Љ. Младеновски и А. Мекиќ (МЗТ Скопје А.), Б.Стајиќ и П. Пајиќ (Фени И.), И. Сапунџиев (Карпош Соколи) и Горан Главчев (Кожув).

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.