Македонија е 17. ракометна нација во Европа - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Македонија е 17. ракометна нација во Европа

Македонија е 17. ракометна нација во Европа, според најновото рангирање на европската куќа на ракометот (ЕХФ) што беше обелоденето во текот на денешниот ден. Во предвид во ова рангирање се земаат остварените резултати на машките и женски репрезентации на сениорско ниво, како и на селекциите до 18 и до 20 години, во двете конкуренции. Македонија се наоѓа на 17. место на севкупната ранг-листа, на која на првата позиција се најде Данска, пред Франција, Шпанија, Шведска и Унгарија…

rang lista vkupno

Ако се гледа одделно само за машкиот ракомет, Македонија тука има освоено вкупно 130 бода, што се доволни за 15. позиција на оваа ранг-листа. Од овие 130 бода, повеќе од половина (72) се дело на сениорскиот национален тим и пласманот во втората фаза од ЕП 2014 во Данска. Зад „црвено-жолтите“ на оваа ранг-листа се најде Русија, а на чело е Франција, селекцијата што е актуелен европски шампион, а пред дваесетина дена на мундијалот во Катар стана и светски првак.

rang-lista mazi

Севкупниот ранкинг сигурно би бил подобар доколку женските репрезентации бележеа подобри резултати во минатата година. Потпросечниот настап на јуниорките на СП во Струмица донесе 26 бода, додека сениорската репрезентација освои 32 бода, за пласман на 19. позиција на европската ранг-листа за женски ракомет во 2014 година.

rang-lista zeni

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.