Македонија домаќин на кадетско Светско Првенство во 2019 година - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Македонија домаќин на кадетско Светско Првенство во 2019 година

Македонија домаќин на кадетско Светско Првенство во 2019 година

Македонија ќе биде домаќин на машкото кадетско Светско првенство за ракометари до 19 години, што ќе се одржи во 2019 година, беше одлучено денеска на ИХФ конгресот што се одржува во Сочи, Русија.

Делегацијата од Македонската Ракометна Федерација која присуствува на конгресот во Сочи, го предложи Скопје за организатор на Првенството. По презентацијата, Претседателот на ИХФ – Хасан Мустафа и членовите на Конгресот на ИХФ ја одобрија кандидатурата, а потоа и делегатите претсавници на светските федерации едногласно ја прифатија.

Светското Првенство во 2019 во Скопје, ќе претставува петта организација на нашата земја на еден светски собир во млади категории. Последен пат, Македонија беше организатор на Светското Младинско Првенство во женска конкуренција во 2014 година, кога домаќини беа Скопје, Охрид и Струмица. Претходно, Македонија беше организатор уште на Светски Првенства во млади категории во 2008, 2007 и 2003 година.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.