Македонија до првиот медал на Медитеранските игри: Боксерот Фатлум Жута обезбеди најмалку бронза - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Македонија до првиот медал на Медитеранските игри: Боксерот Фатлум Жута обезбеди најмалку бронза

Македонија
стигна до својот прв медал на Медитеранските игри во Мерсин, откако Фатлум Жута
вечерва обезбеди пласман во полуфиналето на боксерскиот турнир, со тоа
обезбедувајќи најмалку бронза во својата категорија.

 

Жута во
категоријата до 75 килограми вечерва во четвртфиналето славеше против либискиот
репрезентативец Најид Салом совладувајќи го со судиска одлука со 2-1 на поени.
На тој начин се пласираше во утрешното полуфинале, обезбедувајќи го сигурно
бронзениот медал, иако според најавите ќе атакува и на пласман во финалето.
Македонскиот боксер во полуфиналето утре ќе се сретнет со Хосам Абдин од
Египет, кој денеска беше поуспешен од Бадр-едине Хадиуи од Мароко победувајќи
го со 3-0 на поени.

 

Претходно,
на боксерскиот турнир се појавија уште двајца македонскиот боксери, Сашо
Лескароски и Бојан Ристески, но загубија уште во првото коло.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.