Македонија без најдобрите каратисти на Балканијадата во Херцег Нови - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Македонија без најдобрите каратисти на Балканијадата во Херцег Нови

Македонија ќе биде сериозно ослабена на претстојната Балканијада во карате што ќе се одржи во Херцег Нови, откако најдобрите каратисти од нашата земја решија да го откажат учеството за националниот тим на ова регионално натпреварување. Членовите на карате-клубовите Металург и Макпетрол се решија на ваков чекор во знак на протест против начинот на функционирањето на Македонската Карате Федерација, поточно трендот каратистите сами да си ги подмируваат трошоците при настапите за националниот тим.

 

Токму од овие прични, боите на Македонија на Балканијадата нема да ги бранат Наташа Илиевска, Жарко Арсовски, Огнен Груевски, Мартин Несторовски, Иво Цветковски, Наташа Стефановска, Моника Стефановска, Томе Тодоровски, Богдан Мицов, Мери Радичевска, Спасо Илиевски, Ферат Корбуличи, Ико Ташев, Дејан Ристевски, Румена Балчевска, Наталина Синдилиева, како и ката-тимот во состав Марко Секуловски, Дини Шкоф и Никола Иловски. 

 

Најдобрите македонски каратисти, кои се и стипендисти од светска категорија на Македонија, за првпат нема да учествуваат и да ги бранат боите на својата држава. Главната причина поради која нема да настапат е тоа што сите тие во повеќе наврати сами ги плаќаа своите репрезентативни настапи на поголем број официјални натпревари. Исто така, многу е нелогично македонските каратисти, кои се рангирани на првите места на светската ранг-листа, сами да ги финансираат своите настапи за репрезентативни и федерациски интереси. Поради воведената практика на Македонската Карате Федерација, со која и најдобрите спортисти сами ги финансираат своите настапи за репрезентативни интереси и поради финансиска оптовареност и максимална истоштеност и клупските финансиски средства, двата клуба овојпат не се во можност сами да ги платат учествата на многукратно докажаните македонски спортисти и медалисти“ – се вели во заедничкото соопштение на карате клубовите Макпетрол и Металург.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.