Мак-баскетот почнува на 10 октомври: Дербито Куманово - МЗТ во второто коло - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Мак-баскетот почнува на 10 октомври: Дербито Куманово – МЗТ во второто коло

Мак-баскетот почнува на 10 октомври: Дербито Куманово – МЗТ во второто коло

Новата кошаркарска сезона ќе стартува на 10 октомври, беше одлучено на денешниот состанок на Здружението на прволигаши што се одржа во просториите на МКФ. Иако претходните најави велеа дека првото коло ќе се игра на 3 октомври, сепак денеска беше решено стартот да биде одложен на за седум дена.

МЗТ е доведен во ситуација во 10 дена да игра пет натпревари, така што нема ниту тајминг каде би можел да се помести мечот од првото коло во домашното првенство. Со поместувањето на почетокот на 10 октомври се надминува и тој проблем, бидејќи евентуалното одложување само на нашиот меч би значело и кршење на пропозициите, кои велат дека не може да се играат мечеви од второто коло, додека не бидат одиграни сите средби од првата рунда“ – изјави Видоја Секуловски, прв оперативец на актуелниот шампион.

Со предлогот на МЗТ се сложија и челниците на Бест, кои и самите бараа почетокот да биде одложен на 10 октомври, за да може навреме да ја финишираат трансформацијата во акционерско друштво.

Според новите пропозиции, место во плејофот обезбедуваат првите шест екипи, со тоа што првите два тима на табелата се слободни во првата рунда и обезбедуваат директно место во полуфиналето.

По жестока дискусија, беше донесена одлука резултатите од Првата лига да се пренесат во пресрет на плејофот само за четвртфиналето, што значи дека доколку некој тим има предност од 4-0 или 3-1 во меѓусебните дуели со некој ривал, да има предност од 1-0 на стартот од плејоф серијата во четвртфиналето. Полуфиналните и финалните серии ќе стартуваат со почетни 0-0, без оглед на меѓусебниот скор на екипите во претходните меѓусебни дуели во регуларниот дел од сезоната.

Воедно, на Здружението беше констатирано дека согласно Регистрациониот правилник, клубовите ќе имаат право на трансфери се до крајот на првиот круг на натпреварување, поточно пред првиот натпревар од 15. коло.

Денеска беше утврден и распоредот за натпреварување, па така во првото коло силите ќе ги одмерат: Фени индустри – Куманово, Кожув – Работнички, Карпош соколи – Бест, МЗТ Скопје – Струмица.

Првото вечно дерби меѓу МЗТ Скопје и Работнички ќе биде на програмата во рамките од петтото коло, додека во рамките од втората рунда ќе се игра репризата од ланското финале, пресметката меѓу Куманово и МЗТ.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.