Магдинчев: Грешката беше што имавме „десничарки“ на десен бек - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Магдинчев: Грешката беше што имавме „десничарки“ на десен бек

Како што најавивме и пред почетокот на фајналфор турнирот во Будимпешта, наш стручен аналитичар за натпреварите од завршницата од ЛШ ќе биде селекторот на македонската репрезентација, Ристо Магдинчев. Искусниот стратег посочува на дел од проблемите со кои се соочија „црвено-црните“ на дуелот со Будуќност, а како најголем тактички недостаток го потенцира отсуството на класичен десен бек во нашиот тим.

Напреварот се загуби во првото полувреме, затоа што голманот не беше на ниво, а одбраната беше премногу широка овозможувајќи и на Цвијиќ да постигне доста голови. Нападот беше брзоплет, наспроти она што го реков премногу рано се решававме да ги завршуваме акциите, па потоа скапо ја плаќавме таа брзоплетост. Будуќност направи многу добро во одбраната 6-0, играчите на позиции два, три и четири ја згуснаа одбраната и многу фино ја затворија нашата лева страна, префрлувајќи го тежиштето на десната страна. Тука беше главниот проблем на Вардар, бидејќи нашите десни бекови во првото полувреме беа играчи што играат со десна рака. Така, Црногорките внимаваа единствено на некаква финта, со одбраната 6-0 немаше простор ниту за продор, ниту за додавање на пикер, а згора на тоа успеаја да ја елиминираат и Радичевиќ на десно крило како една од главните закани по нивниот гол. Така го запреа нашиот напад, па цели 15 минути не дадовме гол… Црногорките потврдија дека навистина играат фантастична одбрана, но искрено сметам дека „вардарки“ многу подобро ќе се снајдеа ако имаа десен бек што игра со левата рака“ – вели Магдинчев.

hmirova bek

Македонскиот селектор потенцира дека Индира Кастратовиќ во второто полувреме се обидела со сличен рецепт да го исфрли од ритам противникот, и успеа во тоа со „фластерот“ на Неагу.

Во второто полувреме работите целосно се сменија со тоа што извадивме човек напред на Неагу. Таа цели 30 минути стоеше како статичар, а со тоа беше исфрлена од ритам и Мехметовиќ на крилната позиција. Така, Црногорките мораа целото тежиште на играта да го пренесат само на една страна во текот на сите 30 минути од полувремето, што придонесе да делуваат така безидејно. Згора на тоа, се разбрани и Лејно, но морам да потенцирам и дека првиот дел од второто полувреме во нападот го игравме со Дмитровиќ како леворака ракометарка на десен бек, со што нападот ни доби во ширина, полесно правевме простор, а со тоа и набрзо фативме резултатски приклучок“ – истакнува кормиларот на нашиот национален тим.

Кога ќе се влезе во дополнителни десет минути, јасно е дека е потребна максимална концентрација, но и физичка подготвеност.

Продолжението беше рулет, лесно можеше да се случи било кој од тимовите да добие. Будуќност направи предност, Вардар стигна, но за жал македонскиот состав немаше сили за целосен пресврт. Според мене одлучи поголемото искуство што го имаа ракометарките на Будуќност во однос на ЖРК Вардар“ – вели Магдинчев.

kastratovic na klupa

Следен предизвик за македонскиот состав ќе биде денешниот натпревар за трето место против Митјиланд, ривал кој воопшто не е наивен.

Митјиланд е екипа која што ќе биде топ-тим за една-две години, Данците така ја создаваат оваа екипа, без поголеми вложувањата во странци, градејќи го составот воглавно на домашни сили. Тие секогаш играат исто темпо без оглед на резултатот, ние мораме да им парираме во тој смисол. Ако Лекиќ не игра, тоа ќе биде проблем, но очекувам останатите да дадат се од себе да го надополнат нејзиното отсуство. По квалитетот што го поседува Вардар би требало да слави, но не смее да се заборави дека и мотивот е сосема поинаков, бидејќи не станува збор за финале, туку сепак само за меч за третото место. Вардарки ќе мора да бидат максимално мотивирани бидејќи како што реков, Данките секогаш го даваат максимумот, без оглед против кого играат или кој е моментниот резултат, па ќе мора да се одиграат одлични 60 минути за да се стигне до посакуваната победа“ – порачува Ристо Магдинчев.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.